Зошто да студираш на ИКС

Економијата базирана на знаење ја наметнува потребата од континуирано стекнување на нови компетенции и вештини за да се одржи висок квалитет на продуктивност и ефикасност во организациите. Институтот за комуникациски студии ти овозможува да ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности со кои ќе можеш целосно да одговориш на професионалните предизвици, да бидеш поконкурентен и да ги искористиш придобивките од пазарот.

ИКС организира едногодишни и двегодишни магистерски студии за:

(1) Менаџирање на стратегиски комуникации
(2) Менаџирање на медиуми и мултимедија

За кого се наменети студиите
Дали сакаш да бидеш пионер на новите начини на размислување? Да го предизвикаш статус квото? Бараш ли знаење надвор од традиционалните методи? На ИКС го овозможуваме тоа. Ако сакаш да ги усовршиш постојните комуникациски и медиумски квалификации или си во потрага по нови интереси коишто би го зајакнале твоето професионално портфолио, можеш да бидеш дел од нашите високо мотивирани постдипломци кои се едуцираат за:

  • лидери посветени на создавање и одржување на комуникациските промени во една организација и во општеството;
  • иновативни професионалци во големи или мали организации за развивање на односи со јавноста, имиџ и репутација;
  • водачи на креативни тимови во приватни или јавни, профитни или непрофитни организации.

Уникатен пристап
Ние ги редефинираме границите на учење за да стекнеш искуство преку академска ригорозност и иновативна рамка на студирање. Нашиот пристап ти овозможува да совладаш знаења и вештини со интеракција и менторство на етаблирани професори, реномирани професионалци и лидери во општеството, кои ќе те инспирираат за иновации и истражување на нови идеи. Наставата нуди можности директно да ги користиш стекнатите знаења за решавање на специфични професионални предизвици и да влијаеш на промените во рамки на една организација или на областа во која се усовршуваш. Исто така, можеш да се вклучиш и во проектите кои ги спроведува Институтот зашто процесот на настава и учење е поврзан со неговата истражувачка дејност. На тој начин, ќе станеш дел од тимот на млади истражувачи на ИКС во областа на односите со јавноста, корпоративното комуницирање, интегрираните маркетинг комуникации, медиумите и новинарството.

Клучни придобивки
Комбинирањето на знаења од различни предмети ти овозможуваат да стекнеш интердисциплинарни – комуникациски, бизнис и лидерски - компетенции, и да го зајакнеш претприемничкиот начин на размислување. Студирањето на ИКС ќе ти осигура:

  • Знаења и способности за постигнување на конкурентска предност и ефикасно лидерско однесување во натпреварувачкото корпоративно опкружување;
  • Професионално практикување на стратегиските комуникации и новите медиуми и етичко одлучување при управување со комуникациите и медиумите;
  • Иновативни решенија и стратегии преку проекти со реални клиенти и менторство од врвни професиналци, кои ќе можеш да ги примениш на своето работно место или за време на организираната пракса во приватниот или јавниот сектор;
  • Спроведување на истражувања и стратегиско и критичко разбирање на факторите кои влијаат на организациите и кои го обликуваат глобалното општество;
  • Широка палета на онлајн ресурси и материјали кои се однесуваат на твојата студиска област;
  • Интерактивни и флексибилни можности за учење со користење на виртуелнa училницa и информатичко-комуникациски технологии;
  • Воспоставување на интеракција и вмрежување со високо квалификувани професионалци;

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16

<!doctype html>