ИКС креира отворени образовни ресурси во областа на комуникациите и медиумите според методите на „учење за знаење“ и „учење преку работа“. Целта е да им се овозможи на практичарите во овие области поедноставен пристап до информациии знаења, како и развивање и усовршување на професионални вештини.

Фокусот на овие онлајн ресурси е ставен на индивидуалното управување со знаењето, врз основа на личните потреби на корисниците. Тоа значи дека тие ќе имаат можност да користат различни аспекти од содржината на ресурсите за развивање на професионални проекти, а во согласност со нивниот професионален бекграунд и квалификации.

Отворените образовни ресурси се продуцираат во форма на текст и графички презентации, видео материјали и интерактивни алатки за учење. Ресурсите се слободни и достапни онлајн, со обврска за почитување на авторските права.

 

 

Kako drzavata grantira sloboda na izrazuvanje             Kako da prepoznaes propaganda
Како државата да ја гарантира слободата
на изразувањето?
            Како да препознаеш пропаганда
               
Odglasot na onlajn govor na omraza             Supermarket za javni informacii
Одгласот на онлајн говорот на омраза             Супермаркет за јавни информации