НАШ ТИМ

На Институтот за комуникациски студии работи тим што се грижи студентот секогаш да е во фокусот и процесот на студирање да се одвива беспрекорно. Тимот е задолжен предавањата и вежбите да се одвиваат непречено, нуди техничка поддршка за реализирање на наставата, остварува соработка со бизнис заедницата и јавниот сектор и ги вклучува студентите во истражувачки и апликативни проекти. Тимот редовно ги известува студентите за сите активности поврзани со наставата, им обезбедува стручна литература и други ресурси и ги насочува во согласност со нивните професионални потреби и желби.