Менаџирање на медиуми и мултимедија

Студиската програма Менаџирање на медиумите и мултимедија ќе те оспособи да ги детектираш и истражуваш општествените појави и прашања во научната област на медиумите и да развиваш иновативни пристапи во толкувањето, разбирањето и практикувањето на новите трендови во медиумската сфера. На оваа студиска насока ќе усовршиш знаења за:

  • техниките на критичко и аналитичко мислење околу новата улога на медиумите во интересот на јавноста;
  • користењето на истражувачките методи за анализа на пазарот и на сегментирањето на публиката;
  • спецификите на медиумската конвергенција;
  • практикувањето на интерактивното и онлајн новинарство;
  • мултимедијална продукција;
  • медиумското претприемништво и развивањето нови медиумски бизнис модели;
  • ефективното управување, одржливоста и континуираното развивање на лидерските вештини во оваа сфера;
  • промовирањето на слободно и плуралистичко новинарство и независност.

Интердисциплинарниот пристап те оспособува за широк спектар на области – дигитални и социјални медиуми, аудиовизуелни индустрии, мултимедијална продукција, менаџмент, претприемништво, маркетинг, економија, уредувачка политика, интерактивно и инклузивно новинарство, истражување, академско пишување, јавна дипломатија и глобални односи.

Студиската програма оспособува за идни менаџери, истражувачи и стручњаци кои ќе умеат да ги истражуваат и анализираат промените во медиумската индустрија, да ги планираат економските потреби и развојот на медиумот и да преземаат деловни потфати во новите медиуми и во продукцијата на мултимедијални содржини. Со завршувањето на студиите, ќе можеш да работиш во академски и истражувачки институции во областа на медиумите и комуникациите, во медиумски и други организации за обуки, истражувања и мониторинг на медиуми, јавно мислење и на пазарот, на менаџмент ниво во онлајн, електронски и печатени медиуми, да почнеш сопствен бизнис или како независен истражувач и консултант за развој на медиумите. Исто така можеш да продолжиш со докторски студии во исти или сродни областа во општествените науки.

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16