Корпоративни обуки и консултации

Долговечноста и профитабилноста на компаниите се целосно зависни од умешноста за управување. За да ја осигураат успешноста во бизнисот, врвните компании се потпираат на континуирано професионално усовршување и развивање на вработените. Трите најчести потреби за корпоративни обуки и консултации се:

        Развивање на лидерство;
        Решавање на одреден проблем или предизвик;
        Поддршка за успешна бизнис транзиција и промоција.
 
ИКС тесно соработува со секој клиент зашто тоа што функционира за една организација може да не делува кај друга. Со нашиот повеќестран приод ќе лансираме правилно и долготрајно решение прилагодено на вашите специфични потреби. Мрежата на искусни обучувачи и консултанти на ИКС ќе ѝ помогне на вашата организација во градење на внатрешните капацитети, отстранување на пречките и ставање на знаењето во контекст. Ќе ви ја пренесуваме нашата експертиза како доверливи партнери за да можете ефективно да се соочите со предизвиците во бизнисот и да ги постигнете резултатите што ги заслужувате.
 
Области

ИКС нуди голем избор на можности за усовршување во различни области:

        Стратегиски комуникации
        Менаџмент и лидерство
        Маркетинг
        Глобални и интеркултурни односи
        Дигитални медиуми и мултимедијална продукција
        Истражување и академско пишување
 
Реализација

Меѓутоа, со оглед на тоа дека на најголемиот дел од професионалците во организациите им се потребни вештини од повеќе и различни области, ИКС може да развие модел за усовршување што најдобро одговара на уникатните потреби на вашата компанија. Нашиот персонален пристап кон секој ангажман ни овозможува да го испорачаме вистинското решение.

Нашите домашни и странски обучувачи кои имаат богата професионална експертиза ќе ја адаптираат содржината на обуката во согласност со вашиот уникатен процес, методологии, алатки и обрасци. Студиите на случај и вежбите ќе бидат модифицирани како конкретни примери релевантни за вашиот бизнис и тим. Должината и начинот на испораката ќе бидат исто така прилагодени и флексибилни за обуката да биде успешно изведена. Вработените кои ќе ги завршат обуките ќе добијат сертификати од Институтот за комуникациски студии.

 
Пристап во 5 фази

Нашиот пристап во пет фази му гарантира на секој клиент дека ќе биде испорачана најсоодветната опција за обука и дека инвестицијата во обуката ќе биде најдобро вратена. Обуката е клучниот дел од процесот на развивање на перформансите на вашата компанија, но не се почнува ниту завршува со неа. Пристапот во пет фази е одраз на нашата посветеност да ја поддржиме вашата организација во секој чекор во процесот.

Чекор 1: Истражување - Проценка и анализа на состојбата и компетенциите
Чекор 2: Планирање – поставување на план и цели
Чекор 3: Имплементација – испорака на обуката, коучинг и менторство и примена на наученото
Чекор 4: Мониторинг и евалуација - Повратна информација, следење на напредокот и мерење на успехот
Чекор 5: Завршување – Извештај и презентација на резултатите
 

Најпрво, нашите експерти ќе ги евалуираат корпоративните процеси, комуникациските проблеми и недостатокот на вештини во вашата организација со цел да се постават правилни цели на обуката, мерливи резултати и очекуваната корпоративна корист. Ќе ги мапираме вашите предности и слабости и ќе ги насочуваме и ревидираме за време на обуката.

Врз основа на темелна анализа, ќе се предложи сеопфатно решение за обука со примена на различни методи на усовршување во согласност со специфичните потреби на вашата организација.

Обуката ќе се однесува на специфични ситуации и проблеми со кои вашата организација секојдневно се соочува. Таа ќе се базира на методот „учење преку работа“ и ќе се фокусира на практични задачи и примери од искуството. Обуката ја комбинираме со коучинг и менторство, давајќи стручни совети кога е потребно и соодветно. Литературата и ресурсите со кои располага ИКС даваат дополнителна вредност на корпоративните обуки. Материјалите за обука ќе бидат постојано достапни и учесниците ќе имаа предност да ги користат оние аспекти од содржината кои најмногу одговараат на нивниот професионален бекграунд и квалификации, и да ги користат во развивањето на нивните професионални проекти. За време на обуката, од учесниците редовно ќе се бараат повратни информации за да се потврди дали програмата и ресурсите се соодветни на нивната професионална пракса и дали можат непосредно да бидат применети.

На крајот од обуката, секој учесник ќе добие задача со која ќе покаже како ќе ги примени стекнатите вештини и знаења. Обучувачите ќе користат реални и специфични ситуации од индустријата во структурирањето на овие задачи и тесно ќе соработуваат со вработените во примената на стекнатите вештини и техники при развивањето на проектите во согласност со интересите и потребите на вашата организација.

Иако го препорачуваме нашиот пристап во пет фази, клиентот одлучува дали да се испорачаат сите услуги, комбинација на некои од нив или само една услуга!

 
Контакти
02 30 90 004; info@iks.edu.mk