Истражувања

Kомпаративна анализа на релевантни студии на случај и успешни практики од креативната индустрија на аудиовизуелните медиумски услуги

Главната цел на оваа анализа е да понуди една сеопфатна дискусија за важноста на секторот на креативни индустрии за економскиот развој и да даде една мапа на студии на случај за успешните практики од развојот и спроведувањето на националните политики и мерки за креативните индустрии во разни европски држави. Посебен акцент е ставен на аудиовизулениот сектор.

Анализа на состојбата на аудиовизуелната состојба во Република Македонија

Целта на оваа анализа е да ја претстави актуелната состојба во која се наоѓа аудиовизуелниот сегмент, како дел од поширокиот сектор на креативните индустрии во Македонија. Во аудиовизуелната индустрија, во овој контекст, се сметаат филмот, телевизијата, видео-игрите и мултимедијалната продукција, односно индустриите кои произведуваат содржини или дела што се состојат главно од звук и од подвижни слики, или пак само од подвижни слики.

Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето?

Најголем дел од медиумите во позитивна рамка ја поставија извршната власт, а јавниот сервис, лишен од уредувачка независност, се стави во функција на државна, а не на јавна телевизија. Ова е еден од заклучоците од анализата на врамување на медиумско известување за време на локалните избори што денеска на телевизиска дебата во Битола ја презентираше тимот истражувачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Повеќе: Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето?

ТВ дебата „Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето“

Како се конструира пристрасноста во новинарското известување и како медиумите известуваа за локалните избори е тема на денешната телевизиската дебата што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Тера Телевизија ја организираат во Народниот театар во Битола.

Повеќе: ТВ дебата „Врамувањето на локалните избори: Како се конструира пристрасноста во известувањето“

Втор извештај од набљудувањето на медиумското известување во предизборниот период

Во текот на набљудувањето на медиумското известување во периодот од 03 до 14 март, регистрирани се случаи во кои се употребува говор на омраза, а забележани се и примери на потпалувачки говор во кои имплицитно се сугерира насилен расплет.

Повеќе: Втор извештај од набљудувањето на медиумското известување во предизборниот период

Тркалезна маса „Партиско – политичките и меѓуетничките теми во покривањето на локалните избори“

„Во периодот од 25 февруари до 3 март, кај медиумите не е регистриран случај во кој експлицитно се повикува на насилство, но се забележани случаи на потпалувачки говор во кои имплицитно се сугерира таков расплет“ стои во првиот извештај на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста за мониторингот на известувањето на медиумите во предизборието.

Повеќе: Тркалезна маса „Партиско – политичките и меѓуетничките теми во покривањето на локалните избори“

Квалитативна анализа во известувањето за убиството кај Смилковци

Во овoj документ се претставени резултатите од третата квалитативна анализа на медиумското известување за настаните поврзани со убиството кај смиљковското езеро, протестите кои беа израз на револт против убиството, приведувањето на осомничените и протестите кои беа реакција на акцијата на МВР. Анализата се фокусира на начинот на кој дел од новинарските текстови и прилози ги создаваат, репродуцираат или ги засилуваат дискурсите што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективниот „Друг‟ во земјата.

Повеќе: Квалитативна анализа во известувањето за убиството кај Смилковци

Истражувања и анализи за медиумскиот сектор во Македонија

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Македонскиот институт за медиуми, заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведуваат истражувања и анализи што поттикнуваат темелна и квалитетна јавна дебата за состојбата во која се наоѓа медиумскиот сектор во Република Македонија.

Повеќе: Истражувања и анализи за медиумскиот сектор во Македонија

Потреба од професионализација во односите со јавноста

Стандардизација на професијата односи со јавност, основање професионална асоцијација и донесување етички кодекс, како и континуирана едукација и утврдување на терминологијата во ова поле се дел од заклучоците на денешната тркалезна маса на тема „Професионалните стандарди во односите со јавноста“ што ја организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на Деновите на образование на Скопскиот саем.

Повеќе: Потреба од професионализација во односите со јавноста

Квантитативна анализа на содржините објавени на медиумите во периодот: 16 јануари - 12 февруари 2012 година

Анализата укажа на тоа дека темите од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер беа на врвот на известувањето на сите медиуми, на првите страници во весниците или како теми на денот во радио и телевизиските станици. Лоцирани се неколку отстапувања од новинарските принципи и стандарди од аспект на користењето на изворите, а често се практикувало и наведување нејасни и непрецизни извори или отсуство на каков било извор на информацијата. Посебно загрижува едностраното известување за овие чувствителни теми, а со тоа се доведува во прашање веродостојноста на известувањето и довербата на публиката, особено кога се работи за вакви прашања.

Повеќе: Квантитативна анализа на содржините објавени на медиумите во периодот: 16 јануари - 12 февруари...

Квалитативна анализа: „Медиумскиот дискурс во известувањето за Европското првенство во ракомет“

Анализата се фокусира на начинот на кој медиумите во Македонија, преку спортското известување, можат да ги создаваат, репродуцираат или засилуваат дискурсите што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективниот ‘Друг’ во земјата. Во анализата е применета критичката дискурзивна анализа која е квалитативен и интердисциплинарен приод во истражувањето на медиумските текстови што става нагласок на нивната функција и значење во конкретниот општествен и политички контекст.

Повеќе: Квалитативна анализа: „Медиумскиот дискурс во известувањето за Европското првенство во ракомет“

Известување за различностите во Македонија

Основните цели на истражувањето се:

  • да се направи увид во досегашните истражувања и публикувани текстови за медиумското известување за различните општествени групи и култури кои живеат во Република Македонија;
  • да се согледаат информираноста, перцепциите, ставовите, практиките и искуствата на дел од медиумите во поглед на известувањето за различностите;
  • да се утврди како медиумите известуваа за два понови настани кои имаа нагласена меѓуетничка/меѓурелигиска/меѓукултурна димензија; и
  • да се сумираат конкретните иницијативи кои претставуваа (или претставуваат) обид на позитивен начин да се промовира културната разновидност во медиумите.

Повеќе: Известување за различностите во Македонија

Експертите предупредуваат: Управувачката и финансиската независност - клучни за остварување на улогата на европски јавен сервис

Потребни се подобрувања во системот на управување и надзор над МРТ кои ќе обезбедат институционална автономија и уредувачка независност, градење на поодржлив систем на независно финансирање на јавниот сервис, обновување на продукцијата, жанровска разновидност и поголема застапеност на информациите и случувањата вон главниот град на програмите на МРТ, враќање на третиот (Собранискиот) канал под уредувачката „капа“ на МРТ, и итно интензивирање на процесот на дигитализација и техничко обновување на сервисот, со цел тој да се оспособи да ја обавува својата важна улога во новата, дигитална ера.

Повеќе: Експертите предупредуваат: Управувачката и финансиската независност - клучни за остварување на...

АНАЛИЗА на јавната радиодифузија во Република Македонија во контекст на европската медиумска политика

Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста започнаа заеднички проект со Фондацијата „Friedrich Ebert Stiftung“, чија основна цел е да се придонесе во поттикнувањето квалитетна јавна дебата за состојбата во која се наоѓа медиумскиот сектор во Република Македонија.

Повеќе: АНАЛИЗА на јавната радиодифузија во Република Македонија во контекст на европската медиумска...