Истражувања

Истражувањата на Институтот за комуникациски студии се насочени кон испитување на карактерот и функцијата на комуникациските процеси и информирањето, испитување на функционирањето и општествената функција на медиумските организации и асоцијации, истражување на целисходноста на медиумските политики, како и на влијанието што овие процеси и системи го имаат врз индивидуите и општествените групи. Во истражувањата ИКС тргнува од концептите и идеите на различни дисциплини: тој ги комбинира теоретските бази на социологијата, политикологијата, комуникациските студии, психологијата и маркетингот. Публикациите на Институтот кои се резултат на силната истражувачката компонента го збогатуваат пред сè теоретското знаење во областа:

  • тие се интегрирани во современите регионални и глобални дебати поврзани со истражувањата на медиумските, новинарството и односите со јавност;
  • тие се служат со иновативни методолошки приоди за да ги анализираат проблемите кои се предмет на интерес;
  • тие се надоврзуваат на современите теоретски пристапи кон проблемите.

Истражувачките активности на Институтот имаат и применета компонента која е исклучително важна за унапредување на новинарската практика како и за подигнување на нивото на знаења кои им служат на практичарите во односите со јавност:

  • тие овозможуваат култивирање на етички и професионални кодови кои служат како саморегулаторни сетила на овие професии;
  • тие ги информираат практичарите за современите текови во професијата.

Истражувањата на ИКС се спроведуваат во две главни области: (1) Новинарството и медиумите и (2) Односите со јавноста, корпоративното комуницирање и интегрираните маркетинг комуникации.