Истражувачки тим

Тимот истражувачи на ИКС има специјализација во различни области на општествените науки. Интердисциплинарноста обезбедува сеопфатен пристап кон проблемите со кои Институтот се занимава. Покрај редовните истражувачи со ИКС се асоцирани и надворешни експерти од Македонија и од странски институти и високо - образовни организации со кои Високата школа за новинарство и за односи со јавноста има воспоставено партнерство.

Статутот на ИКС ја гарантира автономијата на истражувачите во нивната истражувачка дејност. Со тоа Институтот обезбедува непречен развој на академските и применетите истражувања во областа на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста; овозможува разгранување на иновативни идеи и правци во истражувањата што се поврзани со потребите на академијата, индустријата, јавниот и цивилниот сектор во областа на медиумите и комуницирањето и овозможува слободна циркулација и размена на научниот кадар.

Истражувачкиот тим на ИКС располага со тесна експертиза во следниве општествени области:

  • Комуникациските науки и науките за новинарството – експерти во областа на медиумите, етиката во новинарството, медиумската култура, истражувања на медиумите и публиките, истражувања на медиумите и новинарството, како и улогата на јавните радио - дифузери.
  • Односи со јавноста и корпоративно работење – експери во областа на корпоративната репутација, корпоративното брендирање, корпоративна психологија, методологија во истражувањето на ефектите од кампањи за односи со јавноста.
  • Социолошки науки – експерти  во областа на методологијата на социолошки истражувања, медиумите и општествените класи, влијанието на новинарската продукција врз јавноста.
  • Медиумско право     - експерти во областа на медиумската политика, историја на медиумската легислатива, медиумската регулација и само - регулација.
  • Политикологија – Експерти во областа на компаративната политика, национализмот, етницитетот, во областа на мултикултурализмот, колективните идентитети и либерализмот.
  • Маркетинг – експерти во областа на социјалниот маркетинг и маркетинг стратегии.

Истражувачки тим