Истражувања во областа на новинарствотo и медиумите

ИКС дава темелен научен придонес во истражувањата на новинарството и медиумите. Институтот ги развива теориските и методолошките аспекти во проучувањето, го продлабочува разбирањето за професионалните, технолошките, политичките и комерцијалните елементи во функционирањето на медиумите, и ги анализира културалните и едукативните проблеми во новинарското производство. ИКС спроведува истражувања во следниве области:

Истражувања на аудиовизуелните индустрии во Македонија
Главната цел на ова истражување е да понуди една сеопфатна дискусија за важноста на секторот на креативни индустрии за економскиот развој и да даде една мапа на студии на случај за успешните практики од развојот и спроведувањето на националните политики и мерки за креативните индустрии во разни европски држави. Посебен акцент е ставен на аудиовизулениот сектор.

Истражувања на публиките
ИКС спроведува квантитативни и квалитативни истражувања на публиките на традиционалните и на новите медиуми. Овие истражувања нудат сеопфатни сознанија за навиките, ставовите, мотивите и преференциите на публиката. Фокусот на Институтот е да даде придонес во развојот на теориите, моделите и методите во проучувањето на медиумската психологија, на ефектите кои медиумите ги врз ставовите и однесувањето на публиката.

Истражувања на медиумските содржини
Институтот спроведува квантитативна и квалитативни истражувања на медиумското известување за различни теми и прашања од значење за општеството, кохезијата и интеркултурната комуникација меѓу различните групи и заедници во македонското општество.

Истражувања на новите медиуми
ИКС го истражува развојот на новите медиуми, нивното влијание врз јавната сфера и слободата на изразување, ги анализира факторите на развој на овие медиуми како и карактеристиките и консеквенциите од нивната примена врз општествените процеси.

Истражувања на медиумска политика, економија и институции
Истражувања на медиумска политика, економија и институции опфаќаат широк спектар на анализи поврзани (1) со процесите на продукција на медиумските содржини и на организирање на работењето на медиумските организации и асоцијации; (2) со легислативните аспекти на функционирање на медиумите, усогласеноста со европското законо¬давство и имплементацијата на регулативата во праксата; и (3) со структурите, актерите и процесите вклучени во продукцијата, дистрибуцијата и потрошувачката на медиумските содржини.