Истражувања во областа на односите со јавност и корпоративната комуникација

ИКС нуди нови видови истражувања во областа на односите со јавност и корпоративната комуникација. Досегашните комуникациски истражувања во Македонија посветуваа малку внимание на улогата на комуницирањето во вкупниот успех на компаниите и организациите. Институтот затоа има фокус врз унапредување на теоретското и практичното знаење за корпоративните комуникации кое ќе служи и како основа за научен развој на областа во Македонија, но и како поддршка на компаниите во остварување на нивните цели. Публикациите на Институтот кои се резултат на оваа истражувачка компонента се однесуваат на следниве области:

Истражувањата на однесувањето на вработените
Истражувањата на однесувањето на вработените во компаниите и организациите се насочени кон теоријата и практиката на менаџирањето. Целта на овој истражувачки фокус е да се воспостави систем на мотивација и информираност на вработените во компаниите и организациите во согласност со стратегиските цели на компанијата.

Истражувањата на репутацијата, корпоративното брендирање и кризниот менаџмент
Истражувањата на репутацијата, корпоративното брендирање и кризниот менаџмент се насочени кон: (1) анализа на стратегиите на позиционирањето на компаниите во опкружувањето користејќи знаци и симболи како средство за комуникација со целните групи; (2) анализа на стратегиите за управување со корпоративните кризи каналите за комуникација со медиумите во такви услови; и (3) анализа на влијанието на бизнис вестите врз репутацијата на компаниите и врз перцепцијата на публиките.

Анализа на процесот на комуникација
Истражувањата на процесот на комуникација кои ги спроведува ИКС имаат цел систематски да ги анализира аспектите на процесот на внатрешната и надворешната комуникација во организациите или компаниите. Институтот ги теоретизира и ги анализира стратегиите за комуницирање и координирање на активностите на корпоративните единици.

Истражувања на односите со јавност
ИКС прави ситуациски анализи, програмски истражувања и вреднување на кампањите за односи со јавноста. Институтот се фокусира и на истражувања на перцепциите на целните групи и на ефектите од кампањите на односи со јавноста.

Истражувања на социјалниот маркетинг
Истражувањата на ИКС се фокусираат на ефектите кои ги произведуваат различните стратегии на социјален маркетинг. Социјалниот маркетинг подразбира стратегиско користење на економските и општествените ресурси за да се подобри праксата на општествено – неодговорно однесување на компаниите. Институтот ги истражува и промената на перцепциите кај целните групи за таквиот пристап.