За нас

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е основан од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во 2013 година. Институтот е водечка научно-истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие научни дисциплини. Институтот ги има следниве основни цели:

  • ИКС развива академски и применети истражувања кои ќе го надградуваат знаењето во сферата на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
  • Институтот гради темелна истражувачка база која ќе биде користена за процесот на образование во областа на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
  • ИКС промовира иновативни идеи во истражувањата што се поврзани со потребите на индустријата;
  • Го поттикнува развојот на младите кадри во истражувачката дејност преку вклучување на студентите и на младите истражувачи во оваа област;
  • Институтот ги вложува своите ресурси во јакнењето на професионалните стандарди во областа на новинарството, односите со јавноста и корпоративното комуницирање.
  • Со публикување на резултатите од истражувањата за актуелни теми и прашања да се даде придонес во јавната дебата и во градењето на политиката во областите во кои работи Институтот.

 

statut   programa   resenie   akreditacii   bilten

 

Лице за давање информации од јавен карактер: Бојан Георгиевски, генерален секретар; 02 / 30 90 004, info@iks.edu.mk.

Наш тим

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16