Менаџирање на стратегиски комуникации

Програма заснована на компетенции

Оваа студиска програма е заснована на компетенции за стекнување академскo и практичнo искуствo, којашто ќе ти овозможи да ги совладаш клучните теории кои ја обликуваат областа на стратешкото комуницирање и да стекнеш релевантни вештини за анализирање, планирање, управување и евалуирање. Покрај тоа, ќе научиш да размислуваш иновативно, креативно и претприемнички, преку критичко анализирање и решавање проблеми, самостојно и во тимска работа.

Учење фокусирано на успех на студентот

Пристапот за учење е фокусиран на успехот на студентот кој поттикнува идеи и решенија. Наставните методи предвидуваат да го демонстрираш стекнатото знаење со изработка на анализи, истражувања и планови за стратешко комуницирање, кризно комуницирање, управување со репутација, корпоративно и национално брендирање, кампања на социјални медиуми... Од професорите ќе добиваш поддршка со навремени и персонализирани насоки и совети. Овој пристап на активно учење ќе те оспособи за длабинско размислување, поголема самодоверба и подобро лидерство, вештини кои се нужни за вработување и за кариерен развој.

Онлајн учење во виртуелна училница

На предметите се применува онлајн учење во групи и во виртуелна училница  – од секое место и во секое време. Со другите студенти ќе учите едни од други преку работа на заеднички активности, користејќи дигитални ресурси за учење до кои можеш да пристапиш брзо и едноставно. Вебинарите и онлајн соработката го олеснуваат работењето во тимови, туторството и групната настава. Тимската работа го поттикнува и креативното размислување и генерирање идеи, иницијативноста за преземање ризици и техничките вештини за планирање и управување со проекти.

Знаења и вештини

  • Да дискутираш за теориите кои ја обликуваат областа на стратешкото комуницирање, новата наука за јавното мислење и улогата на односите со јавноста во современата демократија;
  • Да ги анализираш надворешниот и организацискиот контекст, да планираш стратешки, да управуваш ефикасно и да го оценуваш влијанието на комуникациските стратегии и кампањи;
  • Да го објасниш значењето на стратешкото комуницирање за ефективно лидерство, управување и градење односи помеѓу вработените и менаџерите во современите организации;
  • Да ги применуваш концептите на корпоративниот имиџ, репутација и идентитет и да го разбираш процесот на управување со репутација (корпоративно брендирање);
  • Да го процениш придонесот на јавните работи за националното брендирање на државата и за постигнувањето на нејзините цели;
  • Да ги идентификуваш ситуациите („issues“) како компонента на стратешкото размислување, да развиеш стратегија за управување со ситуации и план за кризна комуникација, како и да управуваш со комуникацијата во услови на криза;
  • Да ги идентификуваш етичките проблеми во деловната практика и да изработувш стратегии кои ќе ја интегрираат општествената одговорност во бизнис плановите на компаниите;
  • Да го разликуваш уредувачкиот и рекламниот пристап при медиумското поставување, избегнувајќи лажни вести, лобирање во тајност и злоупотреба на социјалните медиуми;
  • Да го применуваш интеркултурниот и мултикултурниот контекст на комуникациите во практиката;
  • Да ги следиш трендовите на стратешкото комуницирање во теоријата и во практиката и да идентификуваш можни области за истражување и понатамошни студии.

Диплома

Студиската програма едуцира за менаџери, стручњаци и истражувачи за комуникации на највисоко ниво кои се истовремено добри стратези, креативни професионалци и флексибилни комуникатори. Таа те оспособува да работиш и да се усовршиш во компании, јавни институции, невладини организации, политички партии, академски институции, да основаш сопствен бизнис или да работиш како независен консултант и истражувач за комуникации. Со завршувањето на едногодишната студиска програма добиваш 60 ЕКТС, а на двегодишната програма 120 ЕКТС и диплома со стекнат назив „магистер по менаџирање на стратегиски комуникации“.

Професори

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16