Еднаква моќ за жените – Enakopravna moč ženskam Ко-финансирано од Министерството за надворешни работи на Република Словенија |
|||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Зошто го создадовме проектот? ... Вистина е, тоа е нешто што го правиме затоа што мораме – за да си ги измиеме забите, да се средиме... но задоволството едноставно го нема. Доживуваме некаква болка кога ги гледаме нашите брчки, „неправилностите“, „дамките“, и слично. Слично однесување може да се забележи со таканаречената „женска“ тема – без оглед на тоа што родовата рамнотежа станува сè поактуелна во процесот на управување, како и утврдувањето на уделот во одлучувачки позиции (квоти), женски менаџмент, жените во политиката... ни тука нема многу радост, нели? Повеќе има болка и тишина. Пред 40 години Југославија служеше за пример, спомнуван дури и 20 години подоцна во Европа и во земјите северно од нас. Каква е состојбата денес, што се случи откако поранешните југословенски републики станаа независни, што се случува во Република Македонија? Вистина е дека жените имаат повеќе права денес отколку во целата досегашна историја на човештвото, но во исто време жените доживуваат повеќе несреќа од времето кога биле „само“ домаќинки. Никогаш немало толку многу дискусии за управување со таленти и родово врамнотежено општество како што има сега, но и покрај тоа, никогаш немало толку мал број на жени на врвни управувачки позиции во Македонија како што има сега. Дали е ова доволна причина? |
Премиса и активности 2017 – 2019 година И за Македонија може да се каже дека треба да се реши проблемот со жените кои сè уште се дискриминирани со пониски плати и за кои е потешко да се вработат. Почетната точка на проблемот е тешко да се идентификува, но проблемот постои уште од кога е спроведено првото истражување, уште од кога се собрани првите податоци, уште од кога се утврдени првите докази. Владата на Република Македонија има усвоено и приспособено законска регулатива за ова прашање; ситуацијата полека се разрешува; но има премалку содржина, премалку активни приоди и истапувања во решавањето на оваа тема; оттаму процесот на давање моќ на жените оди малку побавно од земјите членки на Европската Унија. Со овој проект ние го засилуваме постигнувањето на родова еднаквост. Ако проблемот не се решава, процесот на инклузија уште повеќе ќе станува побавен. Проектот ќе се спроведува во Скопје, но тој ќе има влијание со својата динамика и активности во целата држава. |
||||||||||||||||||||||||||||||||
Најважни активности 2017 – 2019 година
|