Конкурс

Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ бр. 35/2008), Наставно-научниот совет на Институтот за комуникациски студии на ден 18.4.2017, објавува:

 

К О Н К У Р С

за запишување студенти на втор циклус – магистерски студии

во академската 2017/2018 година

 

I. Број на студенти

На вториот циклус студии во академската 2017/2018 година Институтот ќе се запишат вкупно 40 студенти и тоа:

1. Едногодишни студии

- Менаџирање на стратегиски комуникации – 15 студенти

2. Двегодишни студии

- Менаџирање на стратегиски комуникации – 25 студенти

II.Услови за запишување

Право на запишување имаат кандидати со завршени додипломски студии и стекнати најмалку 180, односно 240 ЕКТС кредити, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование и наука на РМ;

III. Потребни документи

    Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
    Уверение за државјанство (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
    Фотокопија од извод од матична книга на родените;
    Лична карта или пасош на увид;

IV. Документите да се достават на адреса:

Институт за комуникациски студии, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје

Повеќе информации на 02 / 30 90 004