Професори биографии

м-р Пеѓа Ашанин Голе

pedza asanin goleМ-р Пеѓа Ашанин Голе магистрира на темата „Стратешко планирање на односите со јавноста во јавниот сектор“ на студиите за менаџмент на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, Словенија. Дипломирал на политички науки на Факултетот за социологија, политички науки и новинарство на Универзитетот во Љубљана. Тој има повеќе од 20 години искуство како консултант за стратегиски комуникации и директор за стратегиски маркетинг и комуникации во јавноста, во владиниот и приватниот сектор во Словенија и во странство.

Во односите со јавноста, тој специјализира за комуникации во јавниот сектор, кризни и конфликтни комуникации, управување со ситуации, стратешко планирање на комуникациите, корпоративни комуникации, стратегии за преговори и за консултантски услуги за врвниот менаџмент во областа на стратегиските комуникации.

Ашанин Голе е избран за предавач на Факултетот за применети бизнис и општествени науки ДОБА во Марибор, каде што предава Стратешко планирање на односи со јавноста и Управување со ситуации и кризни комуникации. Покрај тоа, предава на различни факултети, бизнис школи и на домашни, странски и меѓународни професионални конференции.

Тој е автор на бројни научни и стручни статии за односи со јавноста, менаџмент на комуникации, стратегиски менаџмент и за стратегиски маркетинг. Ко-автор е на книгата со студии на случај за односите со јавноста во Словенија на словенечки и англиски јазик „Словенечки односи со јавноста - Теорија и пракса: 1990-2000“. Тој е гостин уредник за научното социолошко списание „Теорија и пракса“, научното маркетинг списание „Академија ММ“ и други стручни публикации.

Тој е член на Здружението за односи со јавноста на Словенија (PRSS), со кое претседаваше во 1997/1998, подоцна ја презеде позицијата на генерален секретар од 1998 до 2000 година и заменик-претседател од 2000 до 2003 година, а од 2006 година тој е амбасадор на PRSS. Ко-основач е на Словенечката конференција за односи со јавноста, каде 8 години бил програмски директор на конференцијата, и на регионалната стручна коференција „Proactive“, која секоја година се одржува во Босна и Херцеговина.

Ашанин Голе е член на Меѓународната асоцијација за бизнис комуникатори (IABC) со седиште во Сан Франциско, САД, е доживотен член на IABC Fellow 500 Club Memebership, беше ко-основач на Катедрата на IABC во Словенија (во 1996/1997 беше претседател) и на Секторот за односи со јавноста на Владата и на јавниот сектор на Словенија.

Добитник е на повеќе професионални награди и признанија во Словенија и надвор од неговата земја, меѓу кои.
- IABC Chapter Management Award of Excellence – за професионален развој, маркетинг и стратешки комуникации;
- Silver Award, доделенa од страна на Словенечкиот адвертајзинг фестивал;
- Наградата Bronze Effie (ефикасност во комуникација);
- Признание за заслуги за развојот на односите со јавноста во Босна и Херцеговина;
- Признание за заслуги за развојот на професијата односи со јавноста во Словенија;
- Специјална награда за достигнување во односите со јавноста (доделена на 20-годишнината од PRSS).

Pedja Ashanin Gole M.Sc.

pedza asanin golePedja Ashanin Gole, M.Sc., has a master's degree in the field of "Strategic public relations planning in the public sector" at the management studies at the Faculty of Social Sciences, University of Ljubljana, Slovenia. He graduated in Political Sciences at the Faculty of Sociology, Political Sciences and Journalism at the University of Ljubljana. He has more than 20 years of experience as a strategic communications consultant and director for strategic marketing and communications in the public, government and private sector in Slovenia and abroad.

In public relations, he specializes in communications in the public sector, crisis and conflict communications, situation management, strategic communications planning, corporate communications, negotiation strategies and consulting services for top management in the field of strategic communications.

Ashanin Gole is a lecturer at the Faculty of Applied Business and Social Sciences DOBA in Maribor, where he teaches Strategic Public Relations Planning and Situation and Crisis Communications Management. In addition, he teaches at various faculties, business schools and at domestic, foreign and international professional conferences.

He is the author of numerous scientific and expert articles on public relations, communication management, strategic management and strategic marketing. Co-author on the case study book on public relations in Slovenia in Slovenian and English "Slovenian Public Relations - Theory and Practice: 1990-2000". He is a guest editor for the scientific sociological magazine Theory and Practice, the scientific marketing magazine Academy MM and other professional publications.

He is a member of the Public Relations Society of Slovenia (PRSS), which he presided in 1997/1998, later on assumed the position of Secretary General from 1998 to 2000 and Vice President from 2000 to 2003, and since 2006 he is a PRSS Ambassador. He is co-founder of the Slovenian Public Relations Conference, where for 8 years he was the program director of the conference, and of the regional professional conference "Proactive", which is held every year in Bosnia and Herzegovina.

Ashanin Gole is a member of the International Association for Business Communicators (IABC) in the United States; a lifelong member of the IABC Fellow 500 Club Memebership, co-founder of the IABC Department in Slovenia (in 1996/1997 he was President) and of the Sector for Public Relations of the Government and the Public Sector of Slovenia.

He has won several professional awards and recognitions in Slovenia and abroad, among which.

- IABC Chapter Management Award of Excellence - Professional Development, Marketing and Strategic Communications;
- Silver Award, awarded by the Slovenian Advertising Festival;
- Bronze Effie Award (Efficiency in Communication);
- Recognition of merit for the development of public relations in Bosnia and Herzegovina;
- Recognition of merit for the development of the public relations profession in Slovenia;
- Special reward for achievement in public relations (awarded on the 20th anniversary of PRSS).

Zoran Dimitrovski, M.Sc.

zoran dimitrovskiZoran Dimitrovski, M.Sc. (1964) is a journalist, political analyst and editor with many years of experience. In 1995, on a scholarship from the Open Society Foundation Macedonia, he received his Masters Degree in Political Sciences at the Central European University in Budapest, Hungary, on the topic "Transformation of the Public Sphere in Eastern Europe: Monopolisation of the Media in the Process of Transition to Democracy in the Republic of Macedonia".

He started working in journalism in 1985 in Studentski zbor and Mlad Borec, where in the late 1980s and early 1990's, together with a group of young journalists, he participated in the Macedonian democratic spring, giving his own contribution with his political analyses.

He graduated in journalism at the University of Ss. Cyril and Methodius in 1987. He was the editor-in-chief of Mlad Borec (1991), assistant editor-in-chief of Nova Makedonija (1999-2000), editor-in-chief of Vecer (2000-2001), correspondent of NIP Nova Makedonija edition from Washington, USA (2001-2004), deputy editor-in-chief of the weekly Fokus (1995-1999, 2005-2010), editor of the weekly Publika, a supplement to the daily Dnevnik (2010-2011), editor-in-chief of Dnevnik (2011- 2012), editor-in-chief of Nova Makedonija.

Since 2014, Dimitrovski has been editor-in-chief of the weekly Fokus.

м-р Зоран Димитровски

zoran dimitrovskiМ-р Зоран Димитровски (1964) е новинар, политички аналитичар и уредник со долгогодишно искуство. Како стипендист на Фондацијата Отворено општество Македонија, во 1995 година магистрирал политички науки на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија, на тема „Трансформација на јавната сфера во Источна Европа: монополизација на медиумите во процесот на транзиција кон демократија во Република Македонија“.

Со новинарство почнал да се занимава уште од 1985 година во Студентски збор и Млад Борец, каде кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, заедно со група млади новинари учествувал во македонската демократска пролет, давајќи сопствен придонес со своите политички анализи.

Дипломирал новинарство на универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1987 г. Бил главен и одговорен уредник на Млад Борец (1991), помошник на главниот и одговорен уредник на Нова Македонија (1999-2000), главен и одговорен уредник на Вечер (2000-2001), дописник на изданијата на НИП Нова Македонија од Вашингтон, САД (2001-2004), заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус (1995-1999, 2005-2010), уредник на неделникот Публика, прилог на дневниот весник Дневник (2010-2011), главен и одговорен уредник на Дневник (2011-2012), главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.

Од 2014 година Димитровски е главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“.

 

научен соработник д-р Мери Каранфиловска

meri karanfilovskaД-р Мери Каранфиловскa дипломирала на катедрата за маркетинг при Економскиот факултет во Скопје, каде и магистрирала на тема „Маркетинг во непрофитни организации“. Во 2014 година ја одбранила докторската теза „Улогата и значењето на социјалниот маркетинг и неговата примена во РМ“, пријавена на Економскиот институт во Скопје.

Последните 15 години има учествувано во голем број на проекти реализирани од Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста и професионалните предизвици ги бара во примената на маркетингот, но овој пат адаптирани на правилата за работа во непрофитниот сектор, од каде се манифестира и идејата за подлабоко научно истражување и стручно усовршување кое резултираше со повеќе научни трудови.