dimitar kovacevski95x95Доц. д-р Димитар Ковачевски магистрирал во 2003 година на Економскиот факултет во Скопје на студиумот по маркетинг на тема „Маркетинг политика на цените во телекомуникациската индустрија“, а докторирал во 2008 година на Економскиот факултет во Подгорица на тема „Корпоративно управување – информациски системи и интеграција на деловни процеси”.

 

Во 2009 година избран е за насловен доцент во научната област на маркетинг и организациски науки. Моментално работи како директор на областа за комуникација на ниво на Групација Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија. Член e на Oдборот за меѓународни комуникации на Deutsche Telekom, претседател е на Институтот за развој на менаџментот и маркетингот во РМ и е потпретседател на Европското движење на Република Македонија.

Во текот на својата кариера објавил бројни трудови од областа на маркетинг и менаџмент и учествувал во многу истражувања во истите области. Исто така често е поканет како гостин говорник на различни меѓународни програми за професионален развој и е ангажиран како консултант во различни сегменти од деловното работење.

 

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9