slavica cic kosticДоцент д-р Славица Цицвариќ Костиќ има докторирано на Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград во областа на односите со јавноста и маркетингот во јавната администрација. Магистерскиот труд го има одбрането на истиот факултет во областа на менаџирање на бренд. Таа е сертифициран обучувач од Чартеред институтот за менаџмент во Лондон, Велика Британија.

Цицвариќ Костиќ работи како професор на Одделот за маркетинг менаџмент и односи со јавноста на белградскиот Факултет за организациски науки, кадешто предава на додипломските и постдипломските студии. Таа држи предавања и на меѓународните студиски програми во областа на меѓународен маркетинг менаџмент, односи со јавност и управување во администрација, кои Универзитетот во Белград ги има развиено со свои партнерски универзитети, како и на Универзитетот за економија и менаџмент ИСМ во Литванија и на Факултетот за економија и менаџмент при Универзитетот во Нитра, Словачка.

Автор е на книгите „Комуникации и маркетинг во јавната администрација" (Белград, 2011) и „Бренд - создавање, позиционирање и управување" (Белград, 2006).

Цицвариќ Костиќ била обучувач на голем број обуки и семинари во областа на маркетингот и корпоративните комуникации и била ангажирана како консултант во повеќе проекти.

Активна е во организирањето на семинари, симпозиуми, конференции, тркалезни маси и медиумски настани како член на тимот за односи со јавност на нејзиниот матичен факултет и редовно присуствува и активно учествува на домашни и меѓународни семинари, симпозиуми и конференции за односи со јавност и маркетинг.

Таа членува во повеќе професионални здруженија и тела, меѓу кои се Советот на Здружението за односи со јавност на Србија, стручното жири за годишните награди за односи со јавност и маркетинг комуникации во Србија, Српската маркетинг асоцијација (SЕМА), Европската маркетинг академија (EMAC), Меѓународниот советодавен совет на маркетинг практичари и Уредничкиот одбор на Меѓународниот журнал на маркетинг принципи и практики.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9