sefer tahiriДоцент д-р Сефер Тахири има докторирано на Одделот за комуникации при Универзитетот Њујорк во Скопје на тема „Влијанието на политичките партии во уредувачката политика на јавнаиот серви МРТВ во периодот 1998-2006“. Магистерските студии ги има завршено на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на тема „Влијанието на политичките партии во уредувачката политика на комерцијалните телевизии во Република Македонија".

Освен тоа што е професор на Институтот за комуникациски студии, Тахири предава на Факултетот за јазици, култури и комуникација на Одделот за комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој е постар истражувач на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - интеркултурен сектор и е директор на Институтот за демократија и развој.

Сфери на неговиот академски и истражувачки интерес се медиумите и политиката, односите со јавноста, медумското известување за различности и слободата на изразување.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9