krste sajnoskiКрсте Шајноски докторирал на Економскиот институт во Скопје на тема „Потреба и можности за унапредување на пазарот на долгорочни хартии од вредност во финансирањето на развојот на Република Македонија”. На истиот Институт ги завршил и магистерските студии за финансиски менаџмент, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје.

По докторирањето е избран во наставното звање доцент на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што работел како професор до 2014 година. За потребите на наставата на факултетот има издадено рецензирана скрипта по Монетарна економија, рецензирана скрипта по Девизен систем и девизно работење и рецензиран практикум по Монетарна економија. Резултатите од неговата научна и стручна активност се презентирани пред домашната и странската научна јавност преку објавување на повеќе научни и стручни трудови. Има издадено повеќе трудови во домашни и меѓународни научни списанија и меѓународни публикации, а редовно учествува како говорник или учесник на експертски и професинални конференции.

Покрај академското остварил и дополнително стручно образование. Во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, го положил стручниот испит за вршење на работи со хартии од вредност во Република Македонија и се стекнал со чиценца на брокер, а го положил и испитот за инвестициско советување и се стекнал со лиценца инвестиционен советник.

Се уште го раководи бизнис информативниот проект factor.mk. Ја формирал фирмата за финансиски консалтинг „Инвеститор” и бил назначен за извршен директор на „Еуро брокер”, брокерска куќа со големо овластување. Бил надворешен консултант на „Илирика фонд менаџмент“ и на агенцијата за односи со јавноста „Република- Скопје“. Работел и како новинар во Телевизија Телма и како соработник во економската редакција на Американска радио мрежа „Радио слободна Европа”.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9