sally b micovaД-р Сали Брајтон Мицова има докторирано на Одделот за медиуми и комуникации при Лондонската школа за економија и политички науки на тема „Мали и отпорни: Европеизација на управувањето со медиумите во Словенија и Македонија“. Додиплосмките и магистерските студии ги има завршено на Школата за меѓународна служба при Американскиот универзитет во Вашингтон.

Во моментов, работи во Одделот за медиуми и комуникации во Лондонската школа за економија и политички науки и е заменик директор на Проектот за медиумски политики. Претходно, таа беше шеф за развој на медиуми и портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, шеф за медиуми на Иницијативата за градење доверба во Македонија, спроведена од страна на ИОМ, и заменик-директор на Проектот за потрага по заедничка основа при намалување на конфликти и градење на доверба со медиумите и во образованието систем. Исто така, работи како консултан на теми за медиумски и комуникациски политики и стратегии за комуникација.

На Лондонската школа предава предмети на додипломските и последипломските студии во областа на управувањето на медиумите и комуникациите и на современите медиусмки и комуникациски концепти и теории.

Таа е автор на пет публикации и коавтор на шест книги, како и на повеќе документи за јавни политики и експертски резимеа. Редовно е поканувана како говорник на меѓународни експертски конференции.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9