saso bogdanovskiМ-р Сашо Богдановски има магистрирано на тема „Конвергентни регулаторни предизвици за пребарувачите на содржини“ на постдипломските студии по нови медиуми на Факултетот за комуникации и медиуми на Њујорк Универзитет во Скопје. Ја има завршено пан-европската постдипломска програма за менаџмент на дејности во културата ECUM/ECUM-EST, со студиски престој во Франција, Романија и Холандија. За потребите на програмата стажирал како координатор на дел од активностите на продукциската куќа „Шинкасен“  од Лондон.

Во моментов работи како виш стручен соработник во секторот за програмски работи во Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, а во истата институција бил раководител на Единицата за програми од јавен интерес и на Одделението за меѓународна соработка и односи со јавноста. Претходно работел на планирање на годишните програми на програмските сервиси и организациски единици на Македонското радио, на обновата на Охридскиот театар и како директор на единицата за имплементација на програмата ФАРЕ (PHARE) на Европската Унија за развој на дејностите од културата во Република Македонија.

Богдановски работел на повеќе истражувачки проекти и негови стручни трудови се објавени на македонски, англиски, француски, германски и српски јазик.

Богдановски е член на иницијативниот одбор за изработка на Стратегија за развој на културата, Јавен форум за културна политика организиран од „Мултимедија“ и на здружението за културни активности „Место“, Скопје. Бил коресподент на Европската аудиовизуелна опсерваторија од Стразбур и на Европскиот Иститут за медиумско право ЕМР од Саарбрукен, Германија. Соработувал во изработка на базите на податоци за “IRIS Merlin“ и “KORDA“, а исто така е постојан коресподент на специјализираното месечно списание ИРИС кое објавува статии од областа на регулативата на аудио-визуелните дејности.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9