Ilija PiperkoskiМ-р Илија Пиперкоски дипломирал на Националниот универзитет за театар и кино „ILCaragiale“ во Букурешт, Романија, кадешто подоцна магистрирал на филмска режија. Во моментов го подготвува неговиот докторски труд на иститот универзитет.

Режисер е на играниот филм „Последниот Македонец од Македонија“, режирал два документарни и два краткометражни филмови и една ТВ емисија, а бил помошник директор на повеќе од 20 играни филмови. Редовно учествува на меѓународни и домашни фестивали со сопствени или ко-продуцирани филмови. Во 2012 година, негов филм бил првонаграден на филмскиот фестивал „Timishort“ во Матасари, Романија, и во 2009 година освоил второ место за сценарио на фестивалот „Браќа Манаки“.

Тој е сопственик на продукцијата „Pandora`s Box“ и обучувач за видео продукција и пишување на сценарија. На Институтот за комуникациски студии е ангажиран како стручњак од практиката во областите на мултимедијалната продукција и социјалните медиуми.

Professors

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9