ИКС располага со богата библиотека којашто брои повеќе од 1.000 домашни и странски наслови на стручна литература од областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста, но и соодветни изданија за менаџмент, претприемништво, бизнис, економија, маркетинг, финансии, политика, историја и други области. Пријави се доколку сакаш да ги пребаруваш насловите по електронски пат и да ги изнајмуваш книгите.